ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Здружението се засновува со цел да се обезбеди поврзување на бизнис жените на локално, регионално, национално и меѓународен план со цел развој на сопствен бизнис, презентирање на различните можности и потреби и на таа основа идентификување и користење на расположливи странски и домашни ресурси (партнери, знаење, нови пазари, капитал, технологија и сл.)

Поаѓајки од овие принципи на работа, Здружението на своите членки треба:

  1. Поддршка на политиката за промоција на женското претприемништво
  2. Поддршка на политиката за промоција на женското претприемништво, со цел постигнување ефикасен стратешки развој на женското претприемништво
  3. Обуки за женското претприемништво
  4. Финансирање на женското претприемништво
  5. Промовирање на интересите на женското претприемништво
  6. Воспостави врски со слични здруженија во странство
  7. Давање поддршка на профитабилни, креативни и специјализирани проекти на своите членки
  8. Да им помогне во промовирање на нивните бизнис интереси
  9. Да организира база на податоци за бизнис жените и информирање на едно место
10.  Преку мрежата на женски организации да помогне во вклучување во проекти и кредитни линии како во државните, така и на европските и меѓународните специјализирани програми, организации и институции.

11.  Да покрене организирање на обуки за одредени аспекти за покренување и за водење на бизнис.

12.  Да покрене основање на специјализирани центри или одделенија кои би давале информации, консултантски и едукативни услуги.

13.  Да овозможи вклучување на меѓународните бази на податоци

14.  Да овозможи добивање на нови знаења и технологии

Да обезбеди поддршка на профитабилни, креативни и специјализирани проекти на своите членови.